Иако се претставува како симпатична и драга жена, Џенифер Гарнер, како што се чини, е сосема поинаква. Овој пат се појавиле извори што тврдат дека актерката е чиста спротивност од таа како се претставува, како и тоа дека секој нејзин чекор е детално испланиран однапред.
Кога во 2003 година таа се развела од својот прв сопруг Скот Фолеј, изјавила дека не се развеле затоа што постои некој друг во нејзиниот живот, а во исто време е фотографирана во еден ресторан со Бен Афлек. Два месеца по разводот таа почнала да се забавува со Мајкл Вартан. Со него се забавуваше до 2004 година, по што веднаш се впушти во врска со Бен Афлек.
Сите знаат дека Мет Дејмон и Бен Афлек се најдобри пријатели, а Дејмон, наводно, никогаш не ја сакал Џенифер Гарнер. Се зборува дека Дејмон смета дека бракот на Џенифер и Афлек бил во проблеми уште долго пред да се појави дадилката со која Бен ја изневерил актерката. Дејмон смета дека во бракот на актерскиата двојка имало премногу расправии и дека Афлек би бил посреќен со некоја друга жена.
Се појавиле и тврдења дека актерката не поднесувала никој со кој Афлек се дружел и сакала само таа да минува време со него. Секогаш кога актерот излегувал со пријателите, таа се лутела бидејќи се чувствувала осамено и оставено, за на крајот да почне да контролира сè.
Кога дознала за измамата со дадилката го нападнала актерот и го прашала дали воопшто треба да биде изненадена бидејќи тој спиел со дадилката кога сите негови пријатели го прават истото.
Според пишувањата на некои медиуми, се чини дека Гарнер нема ниту пријателки и дека многу познати колешки воопшто не ја сакаат. На листата од актерки коишто не ја сакаат се нашле и Рис Витерспун, Гвинет Палтроу, Камерон Диаз и Челзи Хандлер. Извори тврдат дека Диаз до толку не ја поднесува, што во 2014 година одбила и улога во филмот „Мажи, жени и деца“, само за да ја избегне Гарнер.
Постојат наведувања дека актерката се погрижила да се дознае и дека Афлек посетува состаноци со анонимни алкохоличари, а недолго по вестите за разводот за еден американски магазин изјавила дека актерот повторно почнал да пие, а многумина веруваат дека Гарнер тоа намерно го пласирала во јавноста.
И иако Гарнер се претставува како личност што многу добро ја чува својата приватност и која не сака да дава никакви информации за својот приватен живот, во меѓувреме се испоставило дека тоа воопшто не е така.
Така, таа во едно интервју изјавила дека таа и Бен Афлек биле разделени со месеци наназад пред таа да дознае за дадилката и дека тоа немало никаква врска со нивната одлука за разводот. Изјавила и дека тоа било само лоша процена на Бен, а дека таа само го избегнува медиумскиот циркус поради децата, додавајќи дека повеќе нема да живее така како што живеела, затоа што премногу страдала.
Интервјуто во кое актерката открила сè е пласирано во јавноста само месец дена пред премиерно да се прикаже филмот „Бетмен наспроти Супермен“ во кој глуми и Бен Афлек, а многумина веруваат дека тоа никако не е случајно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.