Британската полиција соопшти дека на лондонскиот аеродром „Хитору“ денеска уапсила еден 39-годишен маж, кој е осомничен дека се подготвувал да изврши терористички напад.
Во соопштението на Скотланд јард се посочува дека мажот бил уапсен затоа што при пристигнувањето на аеродромот поседувал материјали од кои може да се изработи експлозивна направа.
Осомничениот терорист е пренесен во една полициска станица во Лондон, а истрагата за случајот ја презеле антитерористичките служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.