| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна одмазда: Ја пријавил во полиција заради прехранување на хрчакот

Британските полицајци не им верувале на ушите кога добиле повик во кој маж ја пријавува поранешната девојка бидејќи таа премногу го ранела нивниот домашен миленик хрчак. Во азговорот со полицијата чиовекот нагласил дека животинчето сега е „дебела мала свиња“ заради прејадување.

ПОлицијата го објавила овој повик како апел до граѓаните да не ги повикуваат беспотребно и дека така го блокираат итниот број за некој кој што навистина има потреба.

На истиот број се јавила и жена која пријавувала дека нејзиниот хамбургер бил со премногу зачини.

британската полиција годишно добива милион повици кои не се важни и од кои 15 проценти  немаат никаква врска со полицијата.

Меѓу другото, луѓето почнале да ги повикуваат за да им го уловат пајакот по дома, да го смират кучето, да ја опоменат касиерката бидејќи „премногу наплатила“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top