| четврток, 6 декември 2018 |

Мел Гибсон, татко по деветти пат

По две години врска Мел Гибсон и неговата партнерка Росалинд Рос ќе добијат бебе. И додека медиумите пишуваат за разликата во години меѓу 60 годишниот актер и неговата 34 годишна љубов, парот воопшто не се оптоварува со тоа и се подготвува за проширување на семејството.

Актерската ѕвезда се заљуби во Росалинда откако таа се вработила во неговата продуцентска куќа. Таа тренира комбинација од јавање и гимнастика, техника која често се користи во циркусите, што го воодушевило Гибсон кој што веднаш ја однел на романтично патување на Костарика, каде има луксузна вила.

mel-gibson-sa-devojkom-f2Тие се во врска две години и ова ќе им е прво заедничко дете. Тие сепак не размислуваат да се венчаат, бидејќи велат дека се среќни и без документи.

Ѕвездата на лудиот макс и Смртоносно оружје со првата сопруга, забниот техничар Робин Денис Мур, има седум деца меѓу 17 и 36 години.

Тој веќе има три внучиња, а пред седум години ја доби ќерката Луција со руската пијанистка Оксана Григоријева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top