| четврток, 6 декември 2018 |

Секое утро гледав мртви деца на улица, јадев змии за да преживеам – неверојатна приказна на бегалец од С. Кореја

Сунгју Ли не е првиот што побегнал од Северна Кореја и на светот му открил каков е животот во веројатно најлошата диктатура во светот. Тој напишал и книга „Секоја ѕвезда која ќе падне“. Но, тој е првиот човек од С. Кореја кој во детали открива како таму живеат децата, посебно оние кои се без родители и кои се препуштени сами на себе.

Тој приказната ја раскажал за „Дејли мејл“.

Ли денес има 29 години, а од С. Кореја побегнал во 2002 година кога имал само 15 години. Роден е во богато семејство, едно од ретко привилигираните. Неговиот татк бил дел од воената гарда која била задолжена за чување на поранешниот претседател Ким Јон ил, таткото на денешниот диктатор.

– Имавме се што ни беше потребно. Животот беше добар, секогаш имавме храна и бевме многу среќни. На училиште отсекогаш учевме дека САД и Јужна Кореја сакаат да ја уништат нашата држава и дека инвазијата ќе се случи секој момент. Се разбира, немаше интернет, мобилни телефони и други телевизиски станици освен државата и никој не знаеше што всушност се случува – раскажува тој.

Кога наполнил 10 години се случила драматична пресвртница во семејството. Неговиот татко направил „политичка грешка“ и одеднаш се пакувале за заминувањеод Пјонгпјанг.

– Кога со воз тргнавме кон североисток на земјата бев шокиран гледајќи како луѓето питачат. Гладуваа и молеа за храна. Не знаев дека такво нешто постои.

– Немавме никакви приходи и татко ми во шума одеше да најде храна. Јадевме тоа што ќе го донесеше дома. Јадевме гулаш од змиско месо. Јадев за да не умрам од глад – објаснува Ли.

По една години таткото и мајката го напуштиле и на 12 години останал сам. Таткото заминал за Ј. Кореја, а мајката рекла дека оди во посета на една тетка и никогаш повеќе не се вратила. На почеток питачел.

– Наутро гледавме лешеви на деца кои умираа од глад. Прво мислев дека спијат. Немаше храна. Само остатоци од храна и за нив се боревме. Улиците беа полни со луѓе кои само седеа или лежеа и гладуваа до смрт. Немаше работа, немаше начин нешто да се зарабори, немаше пари да секупи храна – опишува Ли.

Тој во 2002 година ја минал границата со помош на шверцери и откако се нашол со татко му, заминал во Ј. Кореја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top