| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за финансии го подготви предлог-буџетот за 2017 година

Министерството за финансии го подготви предлог-буџетот за 2017 година и денеска или в понеделник ќе го достави до Владата, најави министерот за финансии Кирил Миновски во дебатата на ТВ Нова на која гостуваа заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов.

Миновски рече дека Министерството за финансии и Владата имаат обврска да го достават предлог буџетот до Собранието, а на пратениците е дали ќе го изгласаат или не. Наведе и дека донесувањето на буџетот за догодина е препорака на меѓунардоните финансиски институции.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов рече дека е против донесување на буџетот за 2017 пред изборите, и наместо тоа предлага да се примени времено финансирање.

Собранието на Република Македонија, според политичкиот договор за излез од кризата, треба да се распушти на 12 октомври, а предвремените парламентрани избори да се одржат на 11 декември годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top