| четврток, 6 декември 2018 |

Здравјето над сѐ: Голема донаторска акција на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за малиот Мартин Мицев (ГАЛЕРИЈА)

Повеќе од милион и триста илјади денари се собрани на денешната донаторска акција што се организира по 6 пат под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Сретствата ќе бидат донирани за лекување на 18-месечно бебе на вработен во компанијата, на кое му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот. Бебето Мартин Мицев неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.

Денеска се собравме целото алкалоидово смеејство да придонесеме за лекувањето на бебето и да молиме бога дека тоа ќе оздрави, ќе продфолжи да расте и еден ден можеби ќе биде дел од „Алкалоид“. Ќе ја дадеме целата наша поддршка за Мартин да се излечи, рече генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

alkoloid-belvi-2016-6-custom

Таткото Влатко Мицев им се заблагодари на сите колеги и на менаџерскиот тим.

Во овој тежок миг, среќен сум што сум дел од „Алкалоид“. Се надевам дека со помошта од сите вас ќе успеемне да ја добиеме оваа битка и да биде се како што треба – рече Влатко Мицев.

Во донаторската акција учествуваа и Фармацевскиот факултет, веледрогеријата „Еурофарм“, поединци и соработници на „Алкалоид“, кој годинава одбележува осум децениско постоење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top