Јирегн Клоп воопшто не штедеше зборови за играта на своите момци по победата над Челзи од 2:1.
За Ливерпул ова е трет голем успех од стартот на сезоната во Премиер-лигата, по победите над Арсенал (4:3) и Лестер (4:1). Германскиот „специјалист” по мечот изјави дека ужива во играта на својот тим, кој демонстира „пеколно” добар фудбал.
– Секако дека сум задоволен. Уште од првата секунда се движевме добро по теренот. Покажавме и брз мисла. Одлично се справивме со противникот и заслужено поведовме на полувремето. Треба да научиме подобро да го наметнуваме нашиот стил. Што се однесува до противникот, не се сеќавам дека имаше сериозни ситуации на мечот. Ние имавме краток пад, момент во кој не бевме толку добри, но тоа е нормално кога играш против толку силен ривал. Играме „пеколно” добар фудбал, навистина уживам во нашата игра – изјави Германецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.