| четврток, 6 декември 2018 |

МАН до амбасадите: Запрете ги правниците на СЈО да им се закануваат на новинарите на Сител

Како одговор на навредите и заканите кои со месеци ги упатуваат Специјалното јавно обвинителство и правните експерти на СЈО до новинарите и уредниците на телевизијата Сител и до членови на нивните семејства, а предводени од правниот експерт на СЈО Александар Тортевски, бараме од амбасадите и СЈО веднаш да ги запрат правниците ангажирани од СЈО да им се закануваат кон новинарите и уредниците на ТВ Сител.

„МАН ги извести сите амбасади и меѓународни организации за континуираните навреди и јавни закани преку ТВ и социјалните мрежи од правните советници на СЈО предводени од лицето Александар Тортевски кон новинарите и уредниците на ТВ Сител со барање истите да ги осудат и да забранат вакви настапи во иднина.

Доколку тоа не се случи, органите на управување на МАН ќе бидат принудени да се изјаснат по барањето на членовите да се поведе јавна иницијатива да се преиспитаат јавните наводи за евентуалната соработка и учеството на сите фактори во РМ со овие и лицата од СЈО кои континуирано вршат пресија, се закануваат и навредуваат членови на МАН и нивните семејства. На ваков чекор МАН ќе биде принудена согласно официјалните изјави и закани на челниците на СДСМ дека ќе се следи политичка хајка под покровителство на СЈО и чадорот во Македонија против сите кои тие – цитираме – ги сметаат за нивни непријател.

Водено, Македонската асоцијација на новинари веќе ги презема сите неопходни мерки за заштита на своите членови. Адвокатскиот тим на МАН и на ТВ Сител веќе работи на законска разрешница на сите овие случаи“, стои во официјалното соопштение на МАН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top