| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виена на 24 септември самит за балканската бегалска рута

Во Виена на 24 септември ќе се одржи самит за балканската рута на кој се повикани лидери на десет држави, најмногу погодени од мигрантската криза.

– Во Виена се повикани десет држави најпогодени од мигрантската криза. Потребно е по европскиот самит во Братислава да продолжат разговорите за важни прашања за иднината на ЕУ особено за мигрантите, изјави портпаролка на австриката Влада.

На самитот се повикани премиерите на Грција, Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија, Романија и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top