| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола се одржа меѓународната манифестација „Парки(инг) ден!“

Општина Битола, архитекти од организацијата „Урбан лаб“ и граѓански организации денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во овој град ја одржаа манифестацијата „Парк(инг) ден“ на која беа истакната разни јавни идеи и предлози за зголемување на бројот на зелени површини во општината.

Од општина Битола информираат дека на отворениот настан биле презентирани повеќе идеи со кои се стимулира создавање и одржување на повеќе зелени површини, како и искористување на отпадниот материјал кој во себе не содржи штетни состојки, негово рециклирање и креирање на нова урбана опрема во функција на секојдневното живеење на граѓаните.

– Една идеја започна денес, а треба да биде завршена напролет. Станува збор за конструкција и поставување на соларна клупа, која граѓаните ќе можат да ја користат за полнење на мобилни телефони, компјутери и слично. Парк(инг) денот беше реализиран на стандардизиран начин со трансформација на паркинг просторот во мала урбана оаза, соопштија од општина Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top