| четврток, 6 декември 2018 |

Поради медицински грешки: Во САД годишно умираат повеќе од 250.000 луѓе

Во САД секоја година поради медицински грешки умираат повеќе од 250.000 луѓе, соопштија од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Со тоа, медицинските грешки, како причина за смрт се пред респираторните болести, објавија истражувачи од тој Универзитет во научното списание БМЈ.

Според нив, медицинските грешки не треба да бидат синоним за лоши лекари, но претставуваат системски проблеми меѓу кои лоша координација, поделени мрежи за осигурување, недостиг или недоволно користење заштитни мрежи, како и неоправдани варијации во обрасците на лекарските ординации за кои нема оправдување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top