Во рамките на долгорочниот научноистражувачки проект „Европскиот театар и драматургија во Република Македонија од ослободувањето до денес“, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје,научно ќе презентира 30-тина национални драматургии, во театарската и издавачката дејност, кои оставиле длабока трага во нашата европска културна меморија. Секоја учебна година ќе бидат презентирани по две драматургии. Оваа година тоа ќе бидат бугарската и германската.
Првиот научен симпозиум во рамки на овој проект ќе се одржи на 17 и 18 септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, со учество на 30-тина врвни имиња од Бугарија и Македонија, кои ќе ја расветлат хронологијата на духовните поврзувања во театарската традиција. Најавени се обраќањата на двата министри за култура, како и присуството на амбасадорот на Бугарија во Македонија Н.Е. Иван Петков, како и амбасадорот на Македонија во Бугарија Н.Е. Марјан Ѓорчев.
Институтот за сценски уметности при УАУ ЕФТА ќе објави обемна антологија на бугарската драма на македонски јазик. Овој научноистражувачки проект е предвиден со реципроцитет, и за возврат Факултетот за театар, при Новобугарскиот универзитет, кон крајот на следната година ќе организира симпозиум „Македонскиот театар и драматургија во Бугарија .“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст