| четврток, 6 декември 2018 |

Најсреќните земји во светот

Според последните истражувања за земјите во кои живеат најсреќните луѓе, а во кое учестувало 157 земји, најсреќните луѓе живеат во Данска, Швајцарија, Исланд, Норвешка и Финска.

На листата на првите десет земји се уште и Канада, Холандиија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.

Меѓу 20 земји каде што живеат најсреќните луѓе уште се и Израел, Австрија, САД, Костарика, Порторико, Германија, Бразил, Белгија, Ирска и Луксембург.

Резултатот на индексот на среќата е добиен со анализа на бројните студии кои ги вклучиле најважните општествени фактори кои влијаат на субјективната среќа, а вклучуваат економски, здравствени и психолошки фактори.

На оваа скала Македонија е на 95. место. Од земјите од регионот најсреќни се Словенците кои се на 63. место, зад нив се Хрватите на 74. место и Косово кое е на 77.место. Потоа следат Србија (86.), БиХ (87.) и Црна Гора (88.).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top