| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешното момче објавило нејзини порно фотографии, а таа од срам се самоуби

porno-76628

Италијанката Тицијана Кантоне (31) од Наполи пред неколку дена изврши самоубиство, а како што наведуваат тамошните медиуми, нејзината смрт најверојатно била предизвикана од излегувањето во јавност на нејзините секс фотографии кои биле објавени на интернет. Покрената е и полициска истрага по повод овој трагичен случај.

На снимката се гледало како таа го задоволува со својот партнер. Локалниот обвинител Франческо Грело отвори истрага по повод нејзиното самоубиство кое уследи откако фотографиите почнале да кружат на итернет.

Пријателката на девојката, Тереса Петросино, изјавила дека фотографиите буквално ја уништиле, пренесува „Кориера дела Сера“.

Таа била изложена на јавно понижување и исмевање на социјалните мрежи, па се сомнева дека тоа била главната причина за нејзината конба одлука. Оние кои ги објавиле материјалите го користеле нејзиното цело име и презиме, што се смета за една од причините за трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top