| четврток, 6 декември 2018 |

Данска во проблем – нема невработени

denmark-opens-its-gates-for-foreign-skilled-workers

Данска технички бележи полна вработеност и мора да најде начини да ја згоелми својата работна сила за да избегне штетни последици по својата економија. На овој проблем предупредиле од данската Централна банка.

– Невработеност достигна „структурно ниво“… меѓу невработените нема резервни работници, утврдила Централната банка во својот тромесечен извештај.

– Веќе има знаци на притисок врз пазарот на трудот. Најочигледните показатели се во дефицитот на работници во градежниот сектор и во производниот, стои во извештајот.

Стапката на невработеност во мај во Данска изнесувала 4,2 проценти.

Во споменатиот извештај исто така се вели дека има 4 групи на луѓе кои би можеле да го надополнат дефицитот на работници – доселениците, граѓани кои ја одложуваат својата пензија, студенти кои завршуваат факултет и граѓани со инвалидска пензија кои се способни за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top