Мартин Филиповски, еден од близнаците од „Некст тајм“, го пријави своето учество на Скопскиот маратон, кој ќе се одржи в недела, на 12 мај.
Силата во трчање Мартин ќе ја одмери со натпреварувачи од различни возрасти и од разни држави, но и со многу познати личности од земјава.
– Веќе подолго време се подготвувам за оваа манифестација. Трчам на Водно трипати неделно и мислам дека сум подготвен да ја истрчам трката од пет километри. Особено се радувам што ќе ги одмериме силите и во спортски активности со други познати личности од државава – вели Мартин
Покрај ангажманот околу маратонот, Мартин заедно со својот брат Стефан, го подготвува новиот сингл на „Некст тајм“, кој треба да излезе кон крајот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.