| четврток, 6 декември 2018 |

„Екодете приказна плете“ – нов прирачник за деца

„Екодете приказна плете“ од м-р Ели Маказлиева во издание на „Едука мак“е наменето за децата од предучилишна возраст, одобренo за употреба во детските градинки со решение од страна на Министерот за труд и социјална политина на Република Македонија.

Овој прирачник го содржи многу значајниот воспитен елемент – добивање сознанија за екологијата како основна потреба на општеството, преку основната компонента- едукација на децата за селектирање на отпадот и негово рециклирање, преку градење на свест кај децата за зачувување на животната средина,со тенденција за добивање сознанија и навики кои се стекнуваат во раната возраст. Со помош на овој прирачник децата ќе се запознаат со основните и елементарни еколошки поими во поширока и потесна смисла, ќе ги запознаат изворите на енергија и нивното штедење, ќе ги препознаваат материјалите за рециклирање.

Преку приказна на едно екодете се пренесуваат искуства на сите  деца и им се нудат содржини за стекнување одговорност за заштита на животната средина, за правилното рециклирање на отпадот, за намалување на мешаниот отпад и низ ненаметлив начин за нивните основни позитивни карактеристики за животната средина, преку соодветни илустрации, задачи и текст сообразени со возраста.

Прирачникот има за цел развивање свест кај децата од предучилишна возраст за значењето и важноста на зачувувањето и заштитата на животната средина и создавање здрави еколошки навики, да развие позитивни чувстава кај детето (љубопитност, истрајност, трпеливост,), да одговори на најновите воспитно-образовни тенденции за едукација на децата низ игра и забава со соодветни илустрации кои говорат наместо текст, а содржините се претставени со римувани текстови и стихови, сообразени со развојните карактеристики на децата.

Овој прирачник освен за децата од 3-6 годишна возраст, наменет е и за воспитувачите и за родителите и ќе помогне за воспоставување интеракциска врска меѓу дете со дете, дете-родител, дете – воспитувач и преку изразување и комуницирање, ќе се запознаат со правилата на живеење и подигнување на свеста преку стекнување знаења за екологијата воопшто, со нагласка за рециклирањето, а стекнатите знаења би биле трајни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top