Приватен италијански авион претпладнето принудно слетал во местото Готул, во близина на најголемото албанско пристаниште Драч, јави дописникот на МИА.
Поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Фламур Нока, обвини дека авионот бил натоварен со марихуна.
– Минатата недела (албанскиот премиер) Еди Рама изјави дека нема марихуана во Албанија. Појавата што е јавна тајна секогаш ја негира. Одете контролирајте, авион со дрога принудно слета во Драч – изјави Нока од говорницата на денешанат седница на албанскиот Парламент.
Албанската полиција потврди дека авионот принудно слетал и дека го управувал Гвидо Андреа Гвиди (69), кој не е повреден.
Според порталот „Албеу“, полицијата ги негира тврдењата на опозицискиот пратеник дека авионот бил натоварен со дрога, но наведува дека од истрагата треба да се потврди евентуално дали додека дошла полицијата авионот бил „ослободен“ од товарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст