| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога на граница: Уапсена Полјачка со радиоактивни ампули

Во понеделникот доцна вечерта на граничниот премин Карашовци меѓу Хрватска и Црна Гора уредите за детекција на радијација измериле висока концентрација на зрачење, што предизвикало вистинска драма на преминот.

Изворот на зрачењето бил проатен автомобил со руски регистарски таблички кој се движел од Хрватска кон Црна Гора. Штом пристигнал автомобилот на граничниот премин, се активирале мониторите за детекција ја јонизирачко зрачење кои покажувале висок степен на зрачење , па дубровничката полиција морала брзо да интервенира.

Автомобилот го возела 45-годишната Полјачка В.Б. , родена на Крим, пишува Јутарњи лист.

Автомобилот и возачката биле изолирани, а стручни лица од Државниот завод за радиолошка и нуклеарна сигурност во заштитни одела ги прегледале автомобилот и пронашле стаклена кутија во големина на тегла, замотана во 3-4 платнени вреќички и складирана во оловна кутија. Во теглаата имало ампули со радиоактивен радиум-226.

Радиум-226 некогаш се користел во болниците за терапија за малигни заболувања, а престанал да се користи во средината на деведесеттите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top