Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 16 септември 2016 година, ќе читате:
ЗА ЕДНА ГОДИНА РАБОТА НА СЈО
Катица потроши 4 милиони евра за политичка хајка
Една година по формирањето на Специјалното јавно обвинителство граѓаните сѐ уште не добија ниту еден конкретен одговор ниту за начинот на кој Обвинителството трошеше четири милиони евра народни пари, ниту за основната цел на постоењето – аферата со нелегално прислушуваните разговори.
Јанева еднаш веќе избегна да даде конкретни одговори во март годинава, одбивајќи да се појави пред Советот за јавни обвинители и во Собранието на Р. Македонија за да даде отчет за своето шестмесечно работење.
Одбиваше да се појави пред институциите, не сакаше да им даде одговори ниту на граѓаните, но затоа, пак, немаше проблем целосно да се стави во служба на обвинетиот Зоран Заев и да изигрува продолжена рака на СДСМ.
КОЈ ЌЕ Ѝ ГО НАЈДЕ КРАЈОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА?!
СДСМ е против хумор, а има лидер-комедијант
Има смешки и бурлески, како што вели Зоран Заев за работата на СДСМ, ама како што сега удрија по хуморот, тешко дека некој ќе им се „насмевне“ на изборите. Додека се обидуваат да наметнат став дека со нив нема „зезање“, во овој продолжен предизборен период не застануваат да бидат извор на засмејување на народот. Хуморот е најмоќното оружје на народот за зачувување на здравиот разум, а тоа СДСМ не успеа да го спречи ниту во зенитот на моќта, нема ниту сега.
ИНТЕРВЈУ: ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
Патишта се градат низ целата земја, инвестирани се повеќе од една милијарда евра
Република Македонија е претворена во едно огромно градилиште и тоа не го говориме туку-така. Ако излезете на терен, ќе забележите дека се гради во сите региони во земјава. Инвестицискиот циклус кој трае веќе неколку години континуирано надминува една милијарда евра. Тука влегуваат само инвестициите во патната, железничката и во комуналната инфраструктура, односно капиталните инвестиции само во нашиот ресор. Тоа подразбира изградба на автопатишта, регионални патишта, пруги, набавка на нови возови и не помалку важно е изградбата или реконструкцијата на канализациски и водоводни системи секаде каде што има потреба од тоа. Генерално, остануваме на истиот курс, инвестиции во инфраструктурата мора да има и ќе има. Владата и ние како ресорно министерство, во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП „Македонија пат“, со кои имаме одлична соработка и кои постојано се на терен, ќе продолжиме да вложуваме во нови проекти бидејќи тие се од огромно значење за економскиот раст на државата и за подобрување на условите за живот на граѓаните, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервју за неделникот Република.
СКАПИ БИЛЕТИ ЗА ВЛЕЗ ВО КЛУБОТ ПРЕД ФАЈРОН
Балканот ќе ја плаќа сметката на Блискиот Исток
Во услови кога, пред сѐ поради „Брегзит“ и бегалската криза, Европската унија ќе мора темелно да се реструктурира економски и финансиски, а во исто време да се редефинира и идеолошки, односно политички, „бриселските елитисти“ ни покажуваат дека на нас гледаат, пред сѐ, како на потенцијални пополнувачи на буџетската дупка која ќе се појави со заминувањето на Велика Британија.
Во исто време ни испраќаат порака дека не само што нема да влеземе во клубот во наредните десетина години, туку дека како регион сме безбедносна закана што само по себе подразбира дека на нас не гледаат како на идни сограѓани, туку како на опасни криминалци, слични на членовите на ИСИС и на Ал Каеда кои секојдневно ги ловат по германските и по француските градови.
СТРАВ И СОМНЕЖИ ПО СЕРИЈАТА ЗЕМЈОТРЕСИ
Новите згради се безбедни, ризични се надградбите на старите објекти
Првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство, професор д-р Михаил Гаревски, апелира да не се надградуваат објектите од пред земјотресот бидејќи тие се најопасни за живеење.
– Иако многу е мал бројот на објектите кај кои има конструктивни грешки, постојат и такви, и тие се ризични. Најризичните објекти се надградените објекти од пред земјотресот и не можам да не го повторам моето мислење дека со еден параграф во Законот за градба треба да се воведе забрана за надградување на сите објекти што се изградени пред 1963 година – апелира до надлежните Гаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст