| четврток, 6 декември 2018 |

Не можам ни банани да си купам: Како живее Тереза, двоничката на Хилари

Ја прашав дали некогаш некој ѝ рекол дека многу личи на мене, а таа се насмеа, вели двојничката на Хилари, Тереза Барнвел, за првата средба сосвојата двојничка.

Тереза била директорка на маркетиншка агенција, но пред 23 години се нашла на голема животна крстосница, зашто почнала да работи како двојничка на Хилари.

На својата веб-страница се опишува како „најпознатиот и најсестраниот американски имитатор на Хилари Клинтон“.

profimedia-0293792025

Во 1993 година ја напуштиласвојата работа во Калифорнија, зато веќе сите ја мешале со првата дама, Хилари. Денеска заработува околу 10.000 долари месечно за имитирање на кандидатот на демократите.

-Не можам ни банани да си купам, сите мислат дека сум Хилари. Група јапонски туристи толку беа среќни кога ме видоа, зашто мислеа дека сум Хилари – вели Барнвел.

Патувала во светот и имала стотици настапи, меѓу кои и редовно учество во американската контактна емисија „Вечерно шоу“ со Џеј Лено.

Има и стрница на ИМДБ, која е исполнета со улоги во кои ја толкува Хилари, а особено им е омилена на комичарите, кои редовно ја повикуваат да ја толкува Клинтон.

Во 2011 година Тереза добила повик од агенција да ја фотографира познатиот фотограф Алисон Џексон во Лондон. Се согласила, а потоа дознала дека на снимањето ќе биде со основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

-Кога дознав дека ќе биде и Асанж, ми застана срцето. Се надевав дека ФБИ нема да ми се појави на врата – се присетува Тереза на настанот кога ја фотографирале со Асанж и со човек од Блискиот Исток додека играат карти, а оваа фотографија е објавена во европски магазин.

Инаку, со Хилари се сретнала само еднаш, во 1996 година, на потпишување книга во Лос Анџелес. Вели дека се трудела да ја избегне Хилари.

teresa-barnwell-tereza-barnvel-hilari-klinton-2

Тереза Барнвел и Хилари Клинтон во 1996 година во Лос Анџелес

– Се чувствував како да ме следи, каде и да  отидев, набрзо се појавуваше таа, стануваше тешко, зашто мислев дека ќе ѝ биде непријатно да си ја сретне двојничката во живо. Ја прашав дали некогаш некој ѝ рекол дека личи на мене, на што се изнасмеа – вели Барнвел и додава дека Хилари е „навистина прекрасна“, па ѝ вратила со шега дека слободно може да ги преземе нејзините функции и да оди место неа на настани.

Овие денови на социјалните мрежи кружат теории дека Клинтон користела двојничка на 11 септември, па корисниците споредувале фотографии со некои претходни. Така Тереза повторно станала популарна.

„Јас сум денеска во Лос Анџелес, не во Њујорк. Ок, луѓе, смирете се, цел ден сум во Лос Анџелес. Тоа е само игра со теории на заговор, легнете си“, напиша Тереза на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top