| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се слави светецот што го мачеа до смрт поради вербата во Христа

Денеска е Св. маченик Мамант.

Родителите на Мамант беа христијани од Пафлагонија, област што се наоѓа во северниот дел од Мала Азија. Животот го завршија во пафлагониските затвори, потклекнувајќи им на измачувањата. А на Мамант му се случи да се роди во затворот во времето на страдањата на неговите родители. По нивната смрт, од затворот го зеде некоја вдовица Амија, на која претходно ѝ се јави ангел и ѝ кажа за бебето. Амија прекрасно го подигна даруваниот син. А кога Мамант беше на 15-годишна возраст, во времето на цар Аврелијан, го приведоа како христијанин, го мачеа и го фрлија в море. Но, морето го исфрли жив и неповреден, па овој се повлече во тихување на една планина близу Кесарија. По некое време гонителите го пронајдоа и тука, го фрлаа во оган и пред ѕверовите, а кога Мамант со својата светост чудесно ги победи сите овие искушенија, некој идолски жрец го прободе со тризабец. Овој свет маченик се упокои во 275 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top