| четврток, 6 декември 2018 |

Ја помешал Доли Партон со проститутка

Музичката легенда Доли Партон откри дека пред неколку години за малку не застрелала непознат туѓинец, кој ја помешал за проститутка.

-Шетав во Њујорк со пријателка, кога еден маж се насочи кон нас. Нè помисли за проститутки и ни се пушти. Јас посегнав по мојата чанта и го извадив пиштолот. Го упатив кон него и го предупредив дека ако веднаш не си го фати патот, ќе го претворам во сопран. Тој нè напушти многу брзо – со насмевка раскажала Партон за медиумите.

Всушност Партон има завидни вештини со пиштолот што го добила по десетиците смртни закани од Кју Клукс-кланот пред повеќе од десет години. Тогаш пејачката беше под нишан на расистичката организација откако во нејзиниот парк Долилуд се одржуваа тематски геј забави.

-Доли е цел на Кју Клукс-клан повеќе од 10 години. Таа е христијанка, но има и сопствени сфаќања и не сака да му суди никому. Таа е категорична дека нема да тргне против сопствените сфаќања и убедувања, што сепак иритира некои луѓе – додаваат медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top