| четврток, 6 декември 2018 |

Нора Шаќири го прашува Заев зошто е помалку вредна од Мухамед Зекири?

Откако Зоран Заев, претседател на опозицискиот СДСМ го вработи во партијата сега веќе поранешниот новинар Мухамед Зекири, се крена прашина кај членовите и симпатизиратите на партијата.

На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашува Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири?

Претходно реагираше и долгогодишниот потпретседател и пратеник на СДСМ Јани Макрадули. И тој бил невработен.

nora-status

Откако Шаќири го прозва, Заев и одговори оти тој не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија.

zaev-st

-Зоки фала на поканата. Ќе пиеме кафе обавезно. Толку многу сум зборувала јавно така да не знам како не си слушнал, му напиша Нора Шаќири, на претседателот на СДСМ.

zz-n

koemntari

koemntari-1

Инаку, по четиридневниот молк од СДСМ, најголемата опозициска партија конечно потврди дека Мухамед Закири е на партискиот платен список.

Според пишувањата на порталот „Курир“ новинарот кој за 24 часа се трансформираше од независен во член на Централниот одбор на СДСМ е на платен список на СДСМ, се покажаа како точни.

Ваквите информации лично ги потврди првиот човек на партијата Зоран Заев, кој во своето вчерашно интервју за НОВА ТВ изјави дека на Зекири “му дале плата за да не му ги оставеле децата гладни откако се одважил и ја напуштил работата за да помогне“.

Коментирајќи ги пишувањата дека Макрадули е невработен, Заев вели дека на Макрадули му било нудено преку партијата да му се најде работа.

-Јани имал и понуди за работа во партијата и понуди на некои работи каде што партијата можела да помогне, рече Заев.

Заев сепак не откри дали и некои други членови на Централниот одбор на партијата исто како Зекири се на платниот список на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top