На 15 септември со почеток во 21:30, во Галерија „Флукс“ ќе биде поставена групната изложба „Нашата Фукушима“, како дел од Gogyoshi Art Project International.
На изложбата, 86 уметници и 36 ученици од 21 земја ќе ги покажат своите дела.
Поминаа пет години од страшната катастрофа кога земјотрес со голем интензитет во градот Фукушима, проследена со цунами, одзема човечки животи и предизвика голема хаварија на нуклеарната централа и нуклеарна контаминација на целата област. Денес Фукушима е град на духови, но неговите жители го носат во нивните срца, каде и да се наоѓаат.
Целта на овој проект е да се подигне свеста за проблемите кои се уште постојат во Фукушима, иако во Европа несреќата била наскоро заборавена и целта на проектот е, преку делата на уметниците, да ги потсети луѓето на ситуацијата во земјата која е далеку од тука, Јапонија.
Со организирање на изложби во различни земји, овој проект има за цел да го привлече вниманието на светските лидери на опасностите и несреќите кои можат да бидат предизвикани од неконтролираната ѕпотреба на нуклеарната енергија, со акцент на човечки трагедии како резултат на последиците.
Со нејзиниот меѓународен карактер, овој проект гради мостови меѓу народите и уметниците од различни земји, со цел да се намали јазот меѓу различни култури и да ги зближи луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст