Илјадници луѓе биле евакуирани во јужен Тајван откако била прогласена алармантна ситуација поради најсилната бура оваа година. Супертајфунот „Меранти“ го погодил Тајван, а брзината на ветерот изнесувала и до 370 километри на час, што е побрзо од брзината со која се движат автомобилите во Формула 1, пренесуваат странските медиуми.
Училиштата и канцелариите биле затворени, а десетина летови биле откажани. Две лица биле повредени а повеќе од 260.000 домаќинства останале без струја, навеле функционерите. До седум часот по локално време, околу 1.500 лица биле евакуирани од загрозените подрачја. Биле ангажирани околу 4.000 воени и полициски лица, меѓутоа официјалните лица не очекуваат поголема штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.