Младиот српски фолкер Дарко Лазиќ објави фотографија со која може да им парира на мафијашките босови од Албанија или на богатите клинци од Инстаграм. И секако, на колешката фолкерка мажена за фудбалер, ЈК. Тој на Инстаграм сосема уверливо објави фотографија од својот прескап бентли, а како доказ дека автомобилот е навистина негов, ги фотографирал и клучевите.
За оваа постапка многу му замерила следбеничка, која му пишала: „Ја ценам и ја почитувам секоја професија, но не се учи се кај Саша Поповиќ во Гранд, нешто се носи и од дома. Ваквиот вид докажување на сите вас што сте дошле кој од каде во Белград нам, на правите белграѓани, ни е општопознат, а се вика комплекс на пониска вредност. Ова не го пишувам од љубомора, материјалст не сум, туку од неверување дека една јавна личност ги користи социјалните мрежи за да им се докажува на фановите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.