| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерка ми многу добро знае дека сум бисексуалец

Пејачот Данкан Џејмс, некогашен член на бендот „Блу“ отворено зборува за својот однос со ќерката Тијан Фин (11) и за тоа што мисли таа за неговата сексуалност. -Тоа за неа е сосема ок. Живееме во свет во кој се повеќе се прифаќа ЛГБТ заедницата, особено кај нас во Англија, и сметам дека е прекрасно што децата учат дека се работи за нешто нормално, вели тој.
Данкан (38) ја добил ќерката со бившата девојка Клер Гренџер, а во 2012 годна открил дека е бисексуалец. Со Тијан, која се занимава со балет и оди во престижното балетско училиште „Ројал“, има прекрасен однос.

-Погорд не можам да бидам, од 2000 девојчиња Тијан беше 12-та на аудицијата.

Минатата година пејачот доживеа сериозна повреда на грбот, па привремено беше парализиаран. По операцијата живее нормален живот.

duncan-james

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top