Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски се прикажува неделава на фестивалот „Европа на екранот“, кој се одржува во Џакарта, Индонезија. Фестивалот е организиран во соработка со Европската унија. „Мајки“ има две проекции на фестивалот, во рамки на програмата „Откритија“.
Ова е прв македонски филм што се прикажува во четвртата најнаселена земја во светот.
„Мајки“ е македонско-француско-бугарска копродукција, добитник на седум меѓународни награди, прикажан на над 40 фестивали на сите континенти, како и македонски кандидат за „Оскар“. Европската филмска академија го вброи во 40 најдобри европски филмови на 2010 година. Во главните улоги настапуваат Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Диме Георгиевски, Диме Илиев и Марина Поп Панкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


