САД укинаа дел од санкциите за Русија што се однесуваат на соработката со „Рособоронекспорт“ за проектот со хеликоптерите, сопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
– Ништо не ги спречуваше да ги укинат санкциите за „Рособоронекспорт“ во делот кој се однесува на нашата испорака и одржување на хеликоптерите испорачани во Авганистан. Тие самите се однесоа во „ќор-сокак“ и беа присилени да укинат дел од санкците, изјави деректорот од Второто оделение за Азија при Министерството за надвореши работи на Русија Земир Кабулов.
Тој додаде дека тоа се однесува на испораката на резервни делови за хеликоптерите.
– Без укинување на санкциите не може да бидат сервисирани хеликоптерите – нагласи Кабулов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.