Контроверзниот италијански центарфор Марио Балотели конечно пронајде нова средина и целосно си ги затвори вратите во Ливерпул откако неодамна ја засили Ница. Во своето деби постигна два гола, а Ница славеше над Олимпик Марсеј со 3-2. Но, Балотели се осврна на периодот поминат во Ливерпул, нагласувајќи дека тој трансфер е неговата најголема грешка во кариерата.
– Заминувањето во Ливерпул е мојата најголема грешка во кариерата. За разлика од навивачите и од играчите, со кои имав одличен однос, односот на клубот не ми се допадна. Имав и двајца одлични тренери, Роџерс и Клоп, но како луѓе не оставија добар впечаток кај мене – истакна Балотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.