| четврток, 6 декември 2018 |

Грците ја помагаат бугарската пропаганда за негирање на македонското малцинство во Албанија

golo brdoГрција и Бугарија во нова пропаганда војна против Македонија. Двете земји одамна тврдат дека кај нив не постои македонско малцинство, а сега тие се здружија во обид да го избришат и македонското малцинство во Албанија. Партијата на грчкото малцинство во Албанија отворено ја поддржа Партијата за човекови права, „партија која ги штити Бугарите во Голо Брдо“ и најави соработка на претстојните избори.

– Ние (Партијата за човекови права и Партијата за демократски просперитет) одлучивме да соработуваме во овие политички избори. Партијата за демократски просеритет што ги претставува интересите на бугарската заедница во Голо Брдо ќе соработува со нас на овие избори. Нашите цели се заеднички, почитување на човековите права и почитување на малцинствата. Господин Фетаху ја предводи нашата листа во регионот на Елбасан – рекол Вангел Дуле.

Македонска алијанса за европска интеграција ги отфрла тврдењата на претседателoт на грчката Партија за човекови права, Вангел Дуле, кој на заедничка пресконференција со Изеир Фетаху, претседател на Партијата за демократски просперитет, ја претстави оваа партија како партија која ги штити Бугарите во Голо Брдо. Од Македонската алијанса ја осудуваат изјавата на Дуле и тврдат дека во Голо Брдо не живеат Бугари, туку етнички Македонци.

– Партијата за демократски просперитет до вчера се претставуваше во македонската јавноста како втора македонска партија, а од денеска се претставува како бугарска партија. Оваа партија не е ниту „бугарска“ ниту „македонска“ затоа што е формирана во 1991 година како граѓанска партија, додека партии на етничка основа се дозволени со закон дури од 2004 година. Жалиме што грчката партија, Партијата за човекови права, е инструмент на грчката и бугарската држава против Македонците во Албанија. Истовремено, жалиме што одредени институции во Македонија ја поддржуваат оваа партија, а против едниствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција, се вели во соопштението на Македонска алијанса.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top