| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографка од Сплит се нудела на интернет огласи: целодневен секс со попуст за 900 евра

Со наслов „Спас од досадниот живот“,41-годишна жителка на Сплит преку интернет нудела сексуални услуги. Наместо пари, заработила кривична пријава и се соочува со затворска казна од три години.

Во нејзиниот оглас, кој е објавен на 29 април годинава напишан на англиски јазик, во кој имало и нејзини фотографии, се вели дека цената за еден час секс е 200 евра, а за секој дополнителен час по 100 евра плус. За „целодневна работа“ нудела попуст за „само“ 900 евра. Сплиќанката, која работела како фотограф под прекарот Пиа, во огласот, исто така, навела дека нуди „класичен, орален и анален секс“.

Против неа е поднесена пријава за поттикнување проституција преку средства за информирање, па доколку биде осудена, ќе се соочи со затворска казна од шест месеци до три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top