Невидена сеизмичка активност на Балканскиот полуостров и неговото опкружување. За 48 часа регистрирани се близу 200 потреси со магнитуда над 2 степени според Рихтер. Најмногу се тресе Турција но најсилен беше земјотресот во Македонија кој се случи вчера рано попладне.
Од тогаш само во земјава се регистрирани над 20 потреси со магнитуда над 2 степени, а последниот здрма и до 4 степени според Рихтер.
Некои сеизмолози велат дека по катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, во наредните две години скоро секој ден имало земјотрес.
Сеизмолозите официјално не сакаат да зборуваат за тоа дали има некаква поврзаност меѓу сеизмичката активност во Македонија и онаа во Турција, иако не исклучуваат дека можеби станува збор за иста тектонска плоча.
Некои од нив, не ја исклучуваат можноста, земјата да продуцира благи потреси и во наредните неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден