Французинот Жан Мишел Жар, легенда и пионер на електронската музика на 13 ноември во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе го отвори 18 по ред издание на фестивалот Таксират во Скопје. Во својата долга 40-годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја што ќе биде своевидно заокружување односно круна на проектот „Електроника“ – албум во два тома, првиот издаден лани, вториот годинава.
Во неговото создавање учествуваа музички величини како: Пит Таузенд, Моби, Масив Атак, Тенџерин Дрим, Лори Андерсон, Синди Лопер, Ер, Гери Њуман, Пет Шоп Бојс, Прајмл Скрим, Орб и многу други, како и одметнатиот американски разузнавач Едвард Сноуден. Како што е најавено, покрај новите композиции, посетителите ќе имаат прилика да се потсетат и на старите фаворити од неговите класики „Оксижен“ и „Еквинокс“, а сето тоа придружено со незаборавно аудио-визуелно доживување преку совршениот спој на многубројните сценски ефекти што ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст