Новото издание на кошаркарскиот Супер-куп на Македонија ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ во Скопје на 22 и на 23 септември, како увертира за стартот на возбудувањата во новата сезона од кошаркарското првенство.
За трофејот во ова натпреварување ќе се бодат четирите најдобри екипи од ланското првенство, и тоа со дуели како во полуфиналето од плејофот. Шампионот МЗТ Скопје на домашен терен ќе се сретне со Фени индустри, додека Карпош соколи ќе ги одмери силите со Куманово. Големото финале ќе биде на програмата на 23 септември, петок, со почеток во 20.30 часот.
Минатата година турнирот од Супер-купот на Македонија се играше во Охрид, а до трофејот стигна МЗТ Скопје, во финалето совладувајќи го градскиот ривал Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.