Товарно возило околу 10.30 часот утрово влетал во ѕид од куќа на улицата Рељковиќ во Петроварадин, Србија. Возачот кој управувал со камионот бил тешко повреден, а направена е и голема материјална штета.
Припадниците на противпожарната служба интервенирале на лице место за да го извадат возачот од камионот, а полицијата се уште не излега со официјално соопштение за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.