Во саботата околу 13.20 часот во ПС Делчево, Б.Н. (70) од Делчево пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот во Делчево на ул. „М.М.Брицо“, две непознати лица со измама му одзеле 1.000 евра.
Тие го прашале каде има продавница за авто-делови бидејќи имале сообраќајна незгода и едното лице требало да му исплати 100 евра оштета на другото лице. Како сведок го повикале Б.Н. и пред него извршиле примопредавање на 100 евра.
Откако едното лице ги зело парите го прашал Б.Н. дали тој има такви пари (евра). Бидејќи не ги познавал парите сакал да ги види пред да му продаде часовник на другото лице за сума од 3.500 евра, а откако ќе ги земе парите за часовникот ќе му ги врати неговите пари, а за услугата ќе му подари два мобилни телефони. Пријавителот отишол од банка извадил 1.000 евра и му ги дал лицето. Откако му ги дал еврата, „купувачот“ рекол дека неговата сопруга е во банка за да извади пари за часовникот и заминал. Додека, пак, „продавачот“ како гаранција му го дал часовникот на Б.Н. по што му рекол дека ќе оди да ги земе мобилните телефони од колата. Истиот заминал и не се вратил.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.