| четврток, 6 декември 2018 |

ХДЗ победи на изборите во Хрватска

Хрватската демократска заедница (ХДЗ), според прелиминарните резултати победи на вонредните парламентарни избори во Хрватска. ХДЗ освоила 61 мандат во хравтскиот Сабор, народната коалиција, која ја предводи СДП освоила 54 мандати, трет е МОСТ со 12, а осум мандати, освоил „Живиот ѕид“.

Деветтите парламентарни избори не донесоа ништо  ново на политичката сцена во Хрватска, во однос на респредалба на силите во Саборот кој брои 151 пратеник. ХДЗ победи на изборите, а како што најави лидерот на партијата Андреј Пленковиќ најави дека веќе в понеделник ќе биде формирана платформата за постизборни преговори околу формирањето на новата влада.

Според најавите клуч за формирање на новата колациона влада ќе биде партијата МОСТ, а нејзиниот лидер Божо Петров уште не се изјаснил со кого ќе коалицира, со ХДЗ или СДП.

Морален победник на овие избори е коалицијата наречена „Жив ѕид“ со добиени осум мандати. Челниците на оваа коалиција најавија дека тие нема да бидат дел од власта без оглед на тоа кој ќе ја формира владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top