Светската банка одобри кредит од осум милијарди долари за Египет, којшто ќе биде доделен во три транши до 2019 година, изјави Асад Алем, регионален раководител на институциата одговорен за Египет, Јемен и Џибути.
Првата транша од една милијарда долари Каиро ја доби во петокот, додаде тој, пренесува ТАСС.
Според изворот, кредитот е наменет за владините реформи, првенствено за буџетската програма, а потоа и за програми за привлекување приватни инвестиции во областа на економијата, создавање нови работни места и зголемување на конкуренцијата.
Моментно, Светската банка има 24 аранжмани за развој во Египет вредни повеќе од седум милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Од хотел во Египет итно евакуирани 300 гости по смрт на две лица
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
Експлозија на митинг на етиопскиот премиер Ахмед, има мртви