| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон има пневмонија и накратко ја прекинува претседателската кампања

hillary-clinton-911-memorial-w710-h473-2x

Демократскиот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон има пневмонија, соопшти нејзиниот доктор откако вчера таа ненадејно ја напушти комеморацијата по повод 15-годишнината од терористичките напади во Њујорк, по што се сопнала пред да влезе во автомобилот.

Во соопштението на нејзиниот доктор Лиза Бардак, се наведува дека таа на комеморацијата дошла дехидрирана и со зголемена телесна темепература. Изборниот штаб на Клинтон соопшти дека таа го откажува планираното патување за Калифорнија.

Поддржувачите на нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп, се обидуваат да направат случај дека Клинтон не е физички подготвена да биде шеф на Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top