| четврток, 6 декември 2018 |

Според ЕМСЦ: Скопје на 11 септември го погодија девет земјотреси

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), денеска во Скопје и околината се регистрирани девет потрес, а најсилниот, според бил во 15.10 часот со јачина од 5,2 степени.

Првиот земјотрес е регистриран во 6.58 часот со јачина од 4,2 степени, а потоа следуваат потресите во 7.00 од 2,8 степени, па оној во 15.10 часот. По овој најсилен потрес, регистрирани се серија послаби земјотреси, кои се почувствувани во Скопје.

144

Во 15.14 часот имало земјотрес со јачина од 2,9 степени, пет минути подоцна, во 15.19 часот од 2,8 степени, потоа во 15.30 часот со 2,1 степен.

Според информациите на ЕМСЦ, по овој следувале уште три земјотреси и тоа во 16.07 часот со јачина од 2,6 степени, па во 16.45 часот со 2,4 степени и вечерва во 20.57 часот со 2,1 степен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top