| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар oсамен на врвот

Актуелниот македонски фудбалски шампион Вардар забележа убедлива победа со 4-0 на гостувањето кај Македонија ЃП, додека Шкендија која важи за еден од најсериозните претенденти за титулата освои само бод против Брегалница.

Прв пораз оваа сезона запиша Пелистер и му дозволи на Вардар сам да го заземе врвот на табелата, а првите бодови ги освои Победа со триумфот над Шкупи.

Резултати на денешните четири дуели од 5.коло во Првата македонска фудбалска лига:

Брегалница – Шкендија 1-1,
Македонија ЃП – Вардар 0-4,
Победа – Шкупи 2-1 и
Ренова – Пелистер 2-1.

Вчера Работнички го победи Силекс со 3-1

Табелата: Вардар 13 бода, Работнички 12 бода, Пелистер 10, Ренова 8, Силекс 7, Шкендија 7 (натпревар помалку), Победа 3, Шкупи 2 (натпревар помалку), Македонија ЃП 2, Брегалница 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top