| четврток, 6 декември 2018 |

Лазар Темелков повеќе не работи во „Алфа“

Познатиот телевизиски лик и еден од најдобрите презентери на вестите, Лазар Темелков, си замина од тв Алфа, пренесува Либертас. Според нивните извори, Темелков самиот побарал од здравствени причини да си замине и договориле спогодбено да му заврши работниот однос во телевизијата во која беше од првиот ден на нејзиниот старт.

Темелков беше вест на порталите и социјалните мрежи вечерта по завршување на првиот круг на локалните избори. Тој го започна отвореното студио со гости аналитичари, но делуваше како да е под дејство на алкохол и емисијата беше прекината со реклами, а продолжи да ја води друг новинар.

Социјалните мрежи и порталите веднаш реагираа, се пренесуваше видео снимката, а Темелков се соочи со критики и потсмев дека пијан седнал да води емисија. Неговото, и образложението од телевизијата беше дека заради здравствени проблеми извесно време пиел и седативи, па несреќниот инцидент бил резултат на лекарствата, а не на употреба на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top