| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на српската полиција – Уапсени 66 лица

policija-srbija

Српската полиција спроведе голема акција против организиран криминал „Цунами“ во која 66 лица се приведени, додека за 12 се трага, а запленети се 5,7 килограми дрога, изјави српскиот синистер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

За приведените 66 лица се очекува одредување притвор, бидејќи постојат доволно докази за сторени крвични дела.

Стефановиќ изјави дека станува збор за кривични дела силувања, насилства, загрозување на безбедноста, неовластено поседување оружје и експлозивни материјали, производство и криумчарење на наркотици, шверц на луѓе и недозволени работи.

Во акцијата се запленети вкупно 5,7 килограми различни видови опијати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top