- Многу сум среќен што го доживеав овој момент. Долго време се занимавам со филмот и не знам кога ова повторно ќе ми се случи. Им се заблагодарувам на сите што помогнаа во снимањето на овој филм, истакна легендарниот актер и режисер Раде Шербеџија по синоќешното завршување на македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ со кој беше отворен 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Фестивалот се одржува под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“ и како и секоја година е под покровителство на претседателот на Република Македонија. Во своето обраќање, претседателот Иванов потсети дека Република Македонија годинава одбележува 25 години независност, време во кое посебно во филмската уметност се постигнати големи успеси.
– Пред четврт век, Република Македонија прогласи независност. Се соочивме со речиси сите предизвици со кои може да се соочи една држава со победи и падови, со успеси и порази. Кој и да го прочита сценариото за Република Македонија ќе види дека воопшто не ни беше здодевно во овие 25 години. Но има еден аспект од независноста со кој речиси никогаш немавме проблем, а тоа е полето на филмската уметност. На ова поле имавме импресивно филмско резиме, рече Иванов. Тој додаде дека во филмското резиме на Македонија стои и тоа дека од државата произлегле филмски остварувања кои освоиле бројни светски награди. Затоа треба да продолжиме да ги промовираме нашите културни уметнички вредности кои му даваат боја на сивилото, нагласи претседателот Иванов и воедно на Џон Сил, му ја врачи наградата златна „Камера 300“ за „животно дело“.
Годинешната ѕвезда на фестивалот во Битола, австралискиот кинематографер Сил не го криеше задоволството од одлуката на фестивалот, како и гостопримството во Македонија.
– Голем чест е што претседателот на Републиката ми ја доделува оваа награда. Големо е задоволството да се држи в раце оваа награда. Минав долг период во учење на занаетот, и сеуште учам бидејќи со секој нов филм се учат нови работи и би сакал да им се заблагодаам на стотиците луѓе од сите филмски екипи со кои сум соработувал. Прекрасно се чувствувам во Битола кој е најубавиот град на светот, рече Сил.
На отворањето на фестивалот присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, претставници од дипломатскиот кор, јавниот живот, како и од филмската индустрија од државата и странство. За денеска претпладне е најавена првата пресконференција на која ќе учествуваат гости од официјалната програма, а во текот на денот ќе бидат емитувани филмови во различни натпреварувачки категории. Планирано е да биде отворена и изложба на тема „40 години Кинотека на Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево