| четврток, 6 декември 2018 |

Колку чини фризурата на Трамп?

Главна атракција во САД се претседателските кандидати, кои добиваат свое место во медиумите и онаму, каде страниците обично се резервирани за поп-ѕвезди..

Американски медиум ја истражуваше тајната на фризурата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Според стручњаците препознатливата, „живописна“ фризура на Трамп е мошне комплицирана, но и многу скапа.

Половина од косата на Трамп е неговата природна, додека другата половина ја надоградил со трансплантација на коса. Оваа естетска интервенција го чинела американскиот милијардер околу 60.000 долари.

Комбинацијата од природна и вештачка коса има големи барања за одржување, поради што Доналд Трамп месечно издвојува дополнителни 3.000 долари на фризер кој се грижи за неговата фризура.

Но, се чини дека тоа е скромен трошок во споредба со можниот колега на Трамп, францускиот претседател Франсоа Оланд. Неодамна француските медиуми објавија дека месечната плата на фризерот на Оланд изнесува околу 10.000 евра.

Фризерот не се одвојува од претседателот ниту на момент, а дневно и по неколку пати ја дотерува фризурата на Оланд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top