Буш стои зад нападот на 11 септември, тврди еден камерман кој вели дека поседува шокантен доказ за тоа.
Британскиот „Сан“ објави напис за Курт Соненфилд кој тврди дека има непобитен доказ во вид на снимка која докажува дека администрацијата на Џорџ Буш е одговорна за терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.
Тој имал посебен пристап до Светскиот трговски центар по рушењето. Тој тогаш работел за министерството за внатрешна безбедност и добил неограничен пристап до срушените згради . Ми било наредено да сними се што ќе види. Наводно никогаш не ги рпедал тие снимки бидејќи тврди дека се непобитен доказ дека американската влада е одговорна за терористичкиот напад.
Соненфилд тврди дека нашол празен сеф под СТЦ, а наводно сефот бил испразнет пред авионите да удрат во објектите, што укажува дека некои луѓе знаеле што ќе се случува.
По 11 септември 2001 година неговиот живот се распаѓа. Уапсен е за убиство на својата жена, која е најдена со куршум во чело. Обвинението потоа е повлечено, но тој веќе побегнал во Аргентина.
-Во едно сум сигурен. разузнавачките служби знаеле што ќе се случи и во најмала рака дозволиле да се случи- вели камерманот во документарниот филм кој го снимил во Аргентина.
-Знаеле и учествувале во се, а најсомнително е рушењето на зградата „седум“ која не беше нападната. Во неа не удри авион, но сепак 47-те спратови се срушија за само 6,5 секунди- збунето објаснува камерманот.
Соненфилд повторно е оженет и има две деца. САД и натаму се обидува да добие негова екстрадиција заради велепредавство. Сепак, тој не е единствен со вакво тврдење, но и еден од оние кои ги сметаат за приврзаници на теориите на заговор. Меѓу другото, на него гледаат и како на човек кој сака да се спаси од казната за убиство на сопругата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.