Заспивањето со запален телевизор е навика што треба веднаш да ја надминете, тврдат научниците. Тоа е една од трите работи кои никако не смеат да се прават во кревет
Гледање ТВ од кревет
Експертот за сон Кристофер Винтер тврди дека гледањето ТВ пред спиење го одржува нашиот мозок буден и го блокира лачењето на хормонот мелатонин кој ни е потребен за квалитетен сон. Гледањето ТВ пред спиење може да ни предизвика немирен и непостојан сон и затоа советува да се воздржиме од гледање ТВ, барем еден час пред да одиме на спиење.
Грицкање во кревет
Доцното грицкање на храна во кревет или романтичен појадок може да изгледа добра идеја, но сепак може да има непосакувани последици. И најмалите трошки може да привлечат мравки, муви па дури и лебарки, а нив сигурно не ги посакувате во вашиот дом.
Работа од кревет
Пишување на лаптоп од кревет, може да ви изгледа како добитна комбинација на лото. Можеби и работите во пижами и мислите дека нема подобар начин од тоа да ја завршите својата работа. Немојте да се радувате. Веројатно не сте ни свесни колку лоша одлука сте направиле. Вашиот мозок после одредено време ќе ја поврзува работата со лежење во кревет а тоа може да предизвика проблеми со ноќното спиење и одморот кој на сите им е потребен. Креветот оставете го за спиење и квалитетен сон, а работата завршувајте ја од работното столче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.